DRÄXLMAIER со поддршка за спортот во Велес
DRÄXLMAIER уште еднаш ја потврди својата посветеност кон локалната заедница преку донација на спортска опрема за два спортски клуба од Велес и тоа машкиот кошаркарски клуб „Борец баскет“ и женскиот одбојкарски клуб „Борец“ кој успешно се натпреварува во втората одбојкарска македонска лига.
За кошаркарите од младинските категории од 16 и 18 години беа обезбедени соодветни комплети тренерки кои играчите ќе ги користат за време на тренинзите. Младите одбојкарки кои по завршувањето на училишните обврски посветено и многу мотивирано спортуваат, добија тренерки, одбојкарски топки, маички, шорцеви и ранци – опрема која ќе придонесе за подобри спортски резултатати.
„Спортот не само што ги зближува луѓето, туку и ги инспирира идните генерации“, истакна Златко Карага, менаџер на DRÄXLMAIER локацијата во Куманово. „Со оваа иницијатива сакаме да изразиме благодарност кон заедницата од која сме дел и да им помогнеме на овие талентирани спортисти да го достигнат својот целосен потенцијал“.
Кошаркарскиот клуб „Борец баскет“ ја изрази својата благодарност за поддршката.
„Оваа донација е голем поттик за нашиот тим“, рече Анѓел Љутков, тренер на клубот. „Квалитетната опрема ни овозможува подобри тренинзи и ги мотивира играчите да се стремат кон уште поголеми успеси“.
И одбојкарскиот клуб го сподели своето задоволство: „Многу сме благодарни за овој придонес“, изјави Петре Жабев, спортски директор на клубот. „Новата опрема ќе ги подобри условите за тренинг и ќе охрабри повеќе млади да се приклучат и да уживаат во спортот“.
Оваа иницијатива е дел од континуираната стратегија на DRÄXLMAIER за поддршка на локалниот развој и ангажман на младите преку спортот.