mk

Изберете го вашиот регион:

Официјална веб страна:

DRÄXLMAIER со поддршка за осмиот Кавадаречки полумаратон

DRÄXLMAIER во континуитет го поддржува развојот на спортот во локалната заедница и затоа и годинава обезбеди свој придонес за осмиот по ред Кавадаречки полумаратон и уште еднаш ја потврди својата посветеност кон развојот на заедницата, здравото живеење и ангажирањето на вработените.
 

За овогодинешниот полумаратон, компанијата обезбеди пехари за категориите на пет километри, 10 километри и 21 километар, како и пехари за генерален пласман мажи и жени со што придонесе за подобро искуство на сите учесници на настанот.
 

„Поддршката за Кавадаречкиот полумаратон го одразува нашето верување во зајакнувањето на врските во заедницата и поттикнувањето на здрав начин на живот“, рече Томаш Мацура, Генерален менаџер на DRÄXLMAIER Македонија.
 

Група мотивирани вработени од различни оддели во DRÄXLMAIER ја претставуваа компанијата и трчаа на трката од пет километри. Со тоа, тие покажа ентузијазам за промовирање на активен начин на живот, единство и позитивни вредности.
 

„Драго ни е што имавме можност да се вклучиме со моите колеги и да ја претставуваме нашата компанијата со енергија и посветеност“, вели Добре Грков, вработен во DRÄXLMAIER кој учествува на бројни спортски настани од ваков карактер што се одржуваат низ земјата.
 

Кавадаречкиот полумаратон е еден од најпопуларните спортски настани во регионот, кој привлекува тркачи од сите возрасти. Преку својот придонес за организацијата на настанот и со охрабрување на своите вработени да се приклучат, DRÄXLMAIER продолжува да ја зајакнува својата улога како одговорна компанија која ја поддржува заедницата од која е дел.