mk

Изберете го вашиот регион:

Официјална веб страна:

DRÄXLMAIER со поддршка за кошаркарите на Голден Игл Тиквеш од Кавадарци

Кошаркарите на КК Голден Игл Тиквеш од Кавадарци во новата сезона ќе играат официјални натпревари со нови дресови, а нова опрема како тренерки, соодветни маички и ранци, обезбедени од DRÄXLMAIER ќе користат и за време на тренинзите.
Кошарката е спорт кој се заснова на тимска работа, дисциплина и посветеност, вредности кои придонесуваат да се обликува тимот како целина, а и неговите играчи како професионални спортисти.
 

„Кошарката е повеќе од игра. Таа е начин да се изгради карактер и единство. Среќни сме што имаме можност да го поддржиме развојот на спортот и локалните спортски клубови како КК Голден Игл Тиквеш. Со нетрпение очекуваме да видиме како ќе напредува тимот во претстојната сезона“, рече Томаш Мацура, Генерален менаџер на DRÄXLMAIER Македонија.
 

Кире Николовски, претседател на КК Голден Игл за време на официјалното примопредавањето на опремата истакна дека оваа драгоцена донација од DRÄXLMAIER значи многу за играчите и тренерскиот персонал. „Пристапот до висококвалитетна опрема го зголемува моралот и ни помага да играме најдобро што можеме. Благодарни сме за ова ново партнерство со компанијата и имаме ентузијастички поглед за иднината на нашиот клуб“, додаде тој.
 

Фактот дека DRÄXLMAIER размислува не само за сегашните, туку и идните генерации го потврдува и поддршката на школата за кошарка за сите ученици од основните училишта од Кавадарци кои исто така со помош на професионални тренери неколку пати во неделата тренираат во салата „Јасмин“ и имаат можност да ги развијат своите таленти.