DRÄXLMAIER со поддршка за кавадаречкиот полумаратон
DRÄXLMAIER Македонија обезбеди десет сета од по три пехари за трките на пет и десет километри за мажи и жени, за генерална категорија мажи и жени, полумаратон категорија 40-50 години мажи и жени како и за полумаратон категорија за возраст од над 50 години мажи и жени. Покрај тоа, компанијата обезбеди шест сета од по три пехари кои им беа доделени на најдобрите учесници на детските трки за момчиња и девојчиња во категориите од четврто до деветто одделение.
За позитивната спортска атмосфера низ улиците на Кaвадарци придонесоа околу 500 учесници кои трчаа низ улиците во централното градско подрачје.
„Драго ни е што и оваа година имаме можност да го поддржиме кавадаречкиот полумаратон. Водејќи се од принципите на унапредување и развој на тимскиот дух и заедничката меѓусебна поддршка и соработка, сметаме дека кавадаречкиот полумаратон е манифестација која придонесува не само за промовирање на спортот помеѓу населението, туку е и поттик за создавање единство. Инспиративно е да се види како нашата заедница се здружува за една ваква позитивна активност“, вели Томаш Мацура, Менаџер на DRÄXLMAIER локацијата во Кавадарци.
Организаторите на полумаратонот изразија голема благодарност до DRÄXLMAIER Македонија, затоа што компанијата ја препозна важноста на спортот за општа благосостојба на заедницата и го поддржа овогодинешниот полумаратон. „Имаме одлична соработка со DRÄXLMAIER и сигурни сме дека така ќе продолжиме и во иднина. Компанијата на различни начини нѐ поддржа и претходните две години. Благодарни сме и среќни што во регионот постојат општествено одговорни компании коишто во континуитет даваат придонес на одржлив начин“, рече Борче Ѓеорѓиевски, еден од организаторите на кавадаречкиот полумаратон.
Дел од вработените во DRÄXLMAIER беа особено среќни затоа што имаа можност да бидат дел од годинешниот кавадаречки полумаратон и трчаа на трките на пет и десет километри.
Душко Мишев по втор пат годинава е учесник на кавадаречкиот полумаратон на трката од пет километри. „Го сакам спортот и за мене ова е големо искуство, бидејќи заедно со моите колеги од DRÄXLMAIER и другите учесници можеме да направиме разлика и да придонесеме за промоција на спортот во заедницата и во исто време да бидеме добар пример за помладите генерации“, вели Мишев.
Како глобално активна компанија, Групацијата DRÄXLMAIER се смета себеси за дел од општеството и е партнер на регионите кадешто делува придонесувајќи не само за развојот на спортот, туку поддржувајќи и проекти од областа на образованието, културата како и социјални проекти.