mk

Изберете го вашиот регион:

Официјална веб страна:

DRÄXLMAIER со поддршка за „Гемиџии спорт 2025“

Како дел од својата континуирана посветеност на општествената одговорност и ангажманот во заедницата, DRÄXLMAIER донираше спортска опрема на ракометниот клуб „Гемиџии спорт 2025“ од Велес, поддржувајќи го развојот на спортистите и промовирајќи активен, здрав начин на живот.
 

Донацијата вклучува комплет тренерки за играчите и стручниот штaб на тимот, маици со кратки ракави и топки за тренинг, кои ќе се користат на редовните тренинзи на клубот.
Иницијативата го одразува верувањето на DRÄXLMAIER дека силните заедници се градат преку долгорочни партнерства, споделени вредности и инвестирање во луѓето, особено младите генерации и спортовите на локално ниво.
 

„DRÄXLMAIER е составен дел од локалната заедница. Поддршката за спортот значи поддршка на тимската работа, дисциплината и упорноста - вредности кои се подеднакво важни на теренот, но и во нашата секојдневна работа“, рече Златко Карага, Менаџер на DRÄXLMAIER локацијата во Куманово. „Горди сме што придонесуваме за развојот на младите спортисти и што помагаме во создавањето подобри услови за тренинг и развој“.
 

Спортската опрема која е донација од DRÄXLMAIER директно ќе ги поддржи ракометарите и ќе помогне во подобрувањето на квалитетот на тренинзите.
Ракометниот клуб ја поздрави донацијата како важен придонес за неговиот развој и одржливост.
 

„Оваа поддршка доаѓа во многу важен момент за нашиот клуб“, рече Сашко Радевски, претседател на РК „Гемиџии спорт 2025“. „Квалитетната опрема за тренинг игра клучна улога во развојот на играчите. Навистина ја цениме посветеноста и довербата што ни ја укажа DRÄXLMAIER“.
 

Компанијата продолжува да реализира иницијативи што го промовираат образованието, здравството, еколошката одговорност и социјалната кохезија, зајакнувајќи ја својата улога како сигурен партнер во регионите каде што делува.