mk

Изберете го вашиот регион:

Официјална веб страна:

DRÄXLMAIER обезбеди пакети со храна и новогодишни пакетчиња како дел од иницијативата за поддршка на локалната заедница

DRÄXLMAIER Македонија обезбеди пакети со храна како и новогодишни пакетчиња кои во соработката со локалната единица на Црвен Крст во Куманово беа дистрибуирани до семејствата на кои им е најпотребно и тоа дел во селата од козјачкиот регион, еден дел во градот Куманово и еден дел во областа на Липково. Оваа иницијатива ја одразува континуираната посветеност на компанијата за поддршка на заедницата и промовирање на единството.

Донацијата има за цел да им донесе олеснување на семејствата од социјален ризик, обезбедувајќи им пристап до основните прехранбени производи како масло за јадење, шеќер, сол, тестенини, грав, ориз и други намирници и истовремено да ги израдува најмалите со новогодишни пакетчиња. Соработувајќи со Црвениот крст, DRÄXLMAIER се стреми да направи разлика таму каде што е најважно - во домовите на оние на кои им е потребна поддршка.

„Како компанија која се смета себеси за дел од заедницата, имаме одговорност да придонесеме за благосостојбата и добриот живот во неа“, рече Златко Карага, менаџер на DRÄXLMAIER локацијата во Куманово. „Оваа иницијатива е мал, но значаен начин да ја покажеме нашата поддршка и грижа за оние на кои им е најпотребна.“

Единицата на Црвен крст во Куманово изрази благодарност за соработката со компанијата. „Донациите како оваа ни овозможуваат да ги прошириме нашите можности и да им обезбедиме навремена помош на семејствата од социјален ризик“, рече Ива Младеновска, претседател на локалната единица на Црвениот крст. „Ја цениме посветеноста на DRÄXLMAIER кон заедницата и нивната подготвеност да направат разлика.“

Оваа иницијатива е дел од разноликите и бројни активности на DRÄXLMAIER за поддршка и ангажман кон заедницата. Компанијата и понатаму останува посветена на создавање позитивни промени преку одржливи практики.