DRÄXLMAIER обезбеди клима уреди за градинката во Неготино
Седум нови современи клима уреди за греење и ладење обезбеди DRÄXLMAIER за детската градинка „Фемо Кулаков“ од Неготино. Со оваа донација компанијата има за цел да придонесе за подобрување на удобноста и благосостојбата на децата додека престојуваат во градинка, обезбедувајќи соодветно разладување за време на летните горештини, но и топлина во текот на студените зимски месеци.
Новите клима уреди се поставени во различни простории во објектите „Пролет“ и „Мајски цвет“, создавајќи погодна средина за учење и игра.
„Обезбедувањето удобно и безбедно опкружување за децата е од клучно значење за нивниот развој и благосостојба. Се надеваме дека овие клима уреди ќе направат значајна разлика во нивниот секојдневен престој во градинка, и во топлите летни месеци и во текот на зимата“, рече Томаш Мацура, Генерален директор на DRÄXLMAIER Македонија.
Оваа иницијатива ја нагласува посветеноста на DRÄXLMAIER за поддршка на локалната заедница и подобрување на квалитетот на животот на нејзините најмлади членови.
„Ние сме особено благодарни на DRÄXLMAIER за оваа донација. Новите клима уреди значително ќе ги подобрат условите за престој на дечињата во нашата градинка. Оваа поддршка значи многу за нас како образовна институција, но и за семејствата чии дечиња секојдневно се згрижени во нашата градинка“, рече Нада Најдова, директорка на градинката „Фемо Кулаков“ од Неготино.
DRÄXLMAIER како семејна компанија со традиција од над 65 години размислува за сегашните, но и идните генерации и активно учествува во обликувањето и подобрувањето на областите околу регионите кадешто делува - од културна, социјална и економска перспектива.