mk

Изберете го вашиот регион:

Официјална веб страна:

DRÄXLMAIER jа промовира локалната култура преку поддршка на летниот настан „Стрит баскет“ во Кавадарци

DRÄXLMAIER и оваа година ја поддржа летната културна програма на градот Кавадарци, со посебен фокус на турнирот „Стрит баскет“. Како дел од својата посветеност кон заедницата и јакнењето спортскиот дух кај населението, компанијата не само што го поддржа настанот, туку и активно учествува преку својот корпоративен кошаркарски тим.
 

Оваа година, DRÄXLMAIER придонесе за подобрено искуство не само за посетителите на „Стрит баскет“, туку и за тимовите коишто учествуваа во турнирот, такашто обезбеди професионално озвучување за подигнување на атмосферата и ангажирање на публиката, соодветно дизајнирани пехари за победничките тимови, висококвалитетни кошаркарски топки за турнири како и брендирани маички за сите играчи учесници во турнирот.
 

„Веруваме во моќта на спортот и културата да ги зближуваат луѓето“, рече Томаш Мацура, Генерален менаџер на DRÄXLMAIER Македонија. „Поддршката на настанот „Стрит баскет“ е начин да ѝ возвратиме на заедницата затоа што нè инспирира секој ден. Особено сме горди што го гледаме нашиот тим на теренот и го споделува духот на пријателското натпреварување“, додава тој.
 

DRÄXLMAIER како семејна компанија со традиција од над 65 години размислува за сегашните, но и за идните генерации. Компанијата во континуитет дава свој придонес за развојот на спортот, но и за развојот на заедницата од која себеси се смета за дел остварувајќи бројни проекти кадешто ги вклучува и своите вработени.