mk

Изберете го вашиот регион:

Официјална веб страна:

DRÄXLAMIER обезбеди детски креветчиња и душеци за градинката „Димче Мирчев“ од Велес

{f:if(condition: mediaElement.alternative, then: mediaElement.alternative, else: f:if(condition: mediaElement.title, then: mediaElement.title, else: newsItem.title))}

Дел од дечињата коишто еден дел од денот го поминуваат во градинката „Димче Мирчев“ во Велес ќе преспиваат на нови креветчиња обезбедени од DRÄXLAMIER. Креветчињата доаѓаат заедно со соодветни душеци и се прилагодени на возраста на дечињата, такашто ќе се обезбеди поддршка на развојот во раното детство преку удобност и грижа.

Квалитетниот сон е од суштинско значење за физичкиот раст, емоционалната регулација и когнитивниот развој на малите деца. Eргономските креветчиња им овозможуваат на децата безбедно да се одморат за време на нивното престојување во градинка, а тоа значи поголема благосостојба.

Томаш Мацура, Генерален менаџер на DRÄXLAMIER Македонија, ја нагласи важноста на инвестирањето во иднината: „Овој придонес го гледаме како инвестиција во благосостојбата на нашите најмлади граѓани. Со поддршка на градинката „Димче Мирчев“ во Велес, овозможуваме придонес за создавање цврста основа за грижа, удобност и можности за развој за децата во нашата заедница“.

Новите креветчиња ќе ја заменат застарената опрема и ќе го подобрат секојдневното искуство на дечињата на возраст од 2 до 6 години. 

„Оваа донација на иницијатива на DRÄXLAMIER ни значи многу. Новите креветчиња веќе се поставени во нашите простории, се користат и прават вистинска разлика во секојдневниот живот на нашите деца. Среќни сме што DRÄXLAMIER ги препозна потребите на нашата установа. Ова е еден е прекрасен пример како компаниите можат позитивно да влијаат врз развојот на заедница кадешто делуваат“, рече Наташа Јанушева, директорка на градинката.

Преку оваа донација DRÄXLAMIER покажува дека компанијата размислува и за идните генерации, унапредувајќи го нивниот секојдневен живот преку бројни од областа на образованието, спортот, културата како и социјални проекти.