Донација од DRÄXLMAIER за „Порака наша“
Потврдувајќи ја својата посветеност на општествената одговорност, инклузијата и благосостојбата на заедницата, DRÄXLMAIER Куманово во знак на одбележување на својата петта годишнина, овозможи донација на специјализирана медицинска опрема за Центарот за рехабилитација и реинтеграција „Порака наша“ во Куманово.
Донацијата се состои од основна медицинска, рехабилитациска и помошна опрема дизајнирана да ја поддржи дневната нега, удобноста и физичката активност на корисниците на центарот. Донираните предмети вклучуваат: пасивен/активен вежбач, грипмастер вежбач за шака, подлога за вежбање, перница со мемори пена со гел, ергономска цервикална перница, анатомска перница за половина, надградба за тоалетна школка со рачка DY, тоалетно помагало со капак DY и подвижни рачки како и клупа за стомачни вежби.
Овие ресурси ќе придонесат за подобрена мобилност, хигиена, рехабилитација и целокупен квалитет на животот за корисниците поддржани од „Порака наша“.
„Пет годишнината од нашето работење во Куманово не е само пресвртница за растот на нашата компанија, туку и момент да размислиме за нашата одговорност кон заедницата“, рече Златко Карага, Менаџер на DRÄXLMAIER Куманово. „Веруваме дека успехот е значаен само кога се споделува. Со поддршка на „Порака наша“ се надеваме дека ќе направиме позитивно влијание врз секојдневниот живот на луѓето што ги поддржуваат и ќе ја потврдиме нашата долгорочна посветеност кон грижата и инклузијата“.
Центарот за рехабилитација и реинтеграција „Порака наша“ во Куманово е препознаен за својата работа во промовирањето на еднаквите можности и социјалната инклузија, а DRÄXLMAIER има можност да ја поддржи оваа мисија преку донација која е во согласност и со потребите на корисниците и со вредностите на компанијата.
Гледајќи напред кон иднината, DRÄXLMAIER останува посветена на комбинирање на оперативната извонредност со целен ангажман во заедницата од која себе си се смета за дел.