mk

Изберете го вашиот регион:

Официјална веб страна:

Јакнење на заедницата преку развој на спортот: DRÄXLMAIER со поддршка за градскиот ракометен клуб Тиквеш

Продолжувајќи ја низата активности за посветеност кон заедницата и развојот на спортот, DRÄXLMAIER и оваа година обезбеди целосна опрема за ракометарите на ГРК Тиквеш.

Овогодишната донација вклучува официјални дресови за натпревари, тренерки, поло маици, чорапи, патики, маици за тренинг, ранци и спортски торби со што се осигурува дека играчите се добро опремени и на теренот и надвор од него.

Томаш Мацура, Генерален менаџер на DRÄXLMAIER за време на примопредавањето на опремата истакна: „Долгогодишното партнерство и соработка помеѓу DRÄXLMAIER и ГРК Тиквеш е одраз на нашата посветеност на развојот на младите и спортот во заедницата. За нас во DRÄXLMAIER тимската работа и единството се вредности кои придонесуваат за заедничкиот успех на компанијата. Сакаме овие вредности да им ги пренесеме на младите луѓе, на спортистите и на останатите чинители и заедно да учествуваме во развојот на заедницата од која сме дел.“

Ракометарите и Управата на клубот изразија срдечна благодарност за континуираната поддршка којашто компанијата ја овозможува за ГРК Тиквеш.

„Донацијата од  DRÄXLMAIER за нас е симбол на доверба којашто компанијата континуирано ни ја укажува. Со новата опрема ќе одржуваме високи стандарди на тренинзите, но и на натпреварите, а нашите ракометари се мотивирани и на теренот излегуваат со уште поголема самодоверба“, рече Ратко Мицев, Претседател на ГРК Тиквеш. 

DRÄXLMAIER во континуитет реализира бројни проекти за поддршка на спортот во заедницата, поддржувајќи ги тимските спортови и локалните спортски настани кадешто неретко учествуваат и корпоративните компаниски тимови.